Тодоровски: Чест е да се игра за најголемиот фудбaлски клуб во државата

380

Вардар и официјално го потврди доаѓањето на Димитар Тодоровски како едно од новите зимски засилувања на клубот. Во својата прва изјава по потпишувањето со „црвено-црните“, Тодоровски вели:

„Не постои македонски фудбалер чија желба не била да заигра за најголемиот фудбалски клуб во државата. Да го пишува моето презиме на дресот на Вардар е вистинска привилегија, чест и гордост. Одговорноста да се носи овој дрес дополнително додава на тежина. Тоа ми дава дополнителем мотив да ја оправдам довербата која ми ја има дадено овој клуб“. 

За очекувањата од вториот дел од сеозната, Тодоровски дополни:

„Во следната полусезона очекувам да ја достигнам мојата најдобра форма, а со тоа да придонесам во тимската синергија со цел да завршиме во горната половина од табелата. Освојувањето на Купот на Македонија ни е главен приоритет“.

ПретходноБарса ја губи битката: Останаа малку опции за регистрација на Олмо
СледноСтрашни падови на спуст-тренингот во Бормио, двајца скијачи со хеликоптер префрлени во болница