По се изгледа дека периодот кој Дани Олмо го минува во тимот на Барселона е при крајот. Шпанските медиуми на големо пишуваа околу неговиот статус, и евентуалната преселба, а сега ситуацијата уште повеќе се комплицира што се вели.
Англичаните јавуваат дека неговиот агент, Енди Бара веќе пристигнал во Манчестер каде што преговата со екипата на Јунајтед. Постои реална можност со оглед на начинот на кој што во моментов е регистиран Олмо во Барселона, клубот да мора да го пушти бесплатно, а за него плати цели 50 милиони евра кога го доведе од РБ Лајпциг.
Барселона сериозно бара решение за проблемот од друга страна, дури се оди до таму да бидат продадени ВИП билети од сеуште недовшрениот Ноу Камп и да се најдат средства, за да се задржи Олмо.
Сепак, Јунајтед е клуб во кој во моментов се е проблем освен парите, па можеби Дани Олмо конечно е решението за огромната играчка и финансиска криза.