Божиќна трагедија во семејството на Ендрик: Зетот на напаѓачот убиен со осум истрели во глава

255

Божична трагедија го снајде семејството на младиот напаѓач на Реал (М), Ендрик. Како што објавија бразилските медиуми, Маурисио Нунес Гонсалвес, 38-годишен зет за неговата постара сестра е убиен на Божич во клуб во Бразилија.

Засега нема детални информации за настанот, но очигледно е дека имало пукање во клуб во Бразилија, каде зетот на Ендрик бил заедно со неколку свои пријатели. Тој бил убиен со неколку истрели во главата. Увидите се уште траат, но, како што пренесуваат бразилските медиуми, од првите сведочења се чини дека станува збор за класична егзекуција со осум истрели.

ПретходноАмбарков ќе им суди на Јошко и Љафтов во 1/4-финалето на Челинџ Купот
СледноМанчестер Ј. му го понуди Рашфорд на Јувентус