Брајтон и Брентфорд си поделија по бод!

30

Вечерва во меч од 18.коло во Премиер-лигата, Брајтон и Брентфорд одиграа без победник и без голови 0:0. Во меч во кој имаше по неколку закани на двете страни, сепак мрежите мируваа па така и двете екипи мораа да се задоволат само со по бод.

Во 15.минута гостите постигнаа гол, но ВАР го поништи поради офсајд. Во 80.минута домашните имаа голема шанса за гол, а и со тоа за победа. Ајари успеа да се најде во добра ситуација, но сепак не успеа да го погоди голот на гостите. Претходно домашните ја погодија и стативата.

Со овој бод Брајтон сега има 26 и се наоѓа на 10.место на табелата, додека Брентфорд со два помалку го зазема 11.место на табелата во Премиер-лигата.

ПретходноБока со нова понуда до Рамос – пет милиони евра по сезона!
СледноПартизан го “скрши“ Фенер, Шортс со 14 поени во поразот на Париз, Ц. Звезда славеше на гости кај Барса!