За само шест месеци вредноста на Килијан Мбапе паѓа ли паѓа. Имено според Трансфермаркт, напаѓачот на Реал Мадрид сега вреди “само“ 160 милиони евра и е помала за 20 милиони која му беше до денеска. Ова му се случува по вторпат во кариерата. Инаку некогаш спектакуларниот напаѓач вредеше и 200 милиони, но сега е далеку од тоа.
Не дека Мбапе има катастрофална полусезона во Реал, но не е и така добар како што се очекуваше.
Инаку за разлика од него цената на Ламине Јамал порасна за 30 милиони евра и сега таа изнесува 180 милиони евра.
Инаку ова се играчите кои се со најголема вредност во моментов според Трансфермаркт:
-200 милиони евра – Ерлинг Халанд и Винисиус Жуниор
-180 милиони евра – Ламине Јамал и Џуд Белингем
-160 милиони евра – Килијан Мбапе
-150 милиони евра – Букајо Сака
-140 милиони евра – Џамал Мусиала, Флоријан Вирц и Фил Фоден
-130 милиони евра – Родри, Федерико Валверде и Кол Палмер