Дончиќ ќе паузира минимум еден месец

55
Фото: Далас Маверикс/Твитер

Лука Дончиќ повторно ќе мора да паузира. Откако веќе сезонава на неколку пати беше вон теренот, сега тоа повторно се случува. Страдаше листот на неговата лева нога, и тој мечот со Минесота го заврши на патерици.

Ова е веќе четврта повреда сезонава за Дончиќ, а за инфо, тој ги пропушти првите осум меча од сезоната поради здравствени проблеми.

Новинарот на ЕПСН, Шемс Чанарија вели дека повредата ќе биде третирана еден месец, а потоа ќе се знае дали Дончиќ ќе треба да паузира уште повеќе. Сето ова нормално ја компромитира ситуацијата, Словенецот да биде номиниран за играч на сезоната.

ПретходноСалах: Оваа сезона е посебна
СледноКарвахал: Диего Симеоне ми прати порака и пријатно ме изненади