Звездата на Реал Мадрид, Дани Карвахал во моментов се поправува од тешката повреда со која се здоби на почетокот на октомври. Процесот е тежок и макотрпен, но искусниот играч веќе е што се вели на половина пат.
„Веќе одам без патерици, вежбам во теретана, возам велосипед… Поставувам краткорочни цели и ги постигнувам. Можеби оваа повреда ќе ми помогне да ја продолжам кариерата за неколку години“, рече Карвахал.
„По повредата добив многу пораки за поддршка, но најпријатно ме изненади ова од Диего Симеоне. Ова е човек кој го сака фудбалот и на кого многу му се восхитувам. Ривалството е факт, но и двајцата споделуваме страст и гледаме на фудбалот со големи емоции“, призна дефанзивецот.
🚨 Dani Carvajal: “There was a message after my injury that pleasantly surprised me, and it was from Cholo Simeone. A person who loves football and whom I admire greatly, despite the rivalry, of course. I remember that message as a special moment. I send him a big hug.”@esquire pic.twitter.com/WRpiemlB0P
— Atletico Universe (@atletiuniverse) December 26, 2024