Нашата најдобра ракометна селекција во моментов се наоѓа на подготовки во Стара Пазова (Србија). Познато е дека на почетокот на 2025 година, поточно во јануари, Македонија ќе биде учесник на СП па затоа избраниците на селекторот Кире Лазаров секој ден максимално го користат за што подобро се подготват за тоа што ги чека на уште едно големо натпреварување.
Покрај секојдневите подготовки, Македонија под водство на селекторот Лазаров игра и контролни мечеви. Вечерва ја одигра втората и забележа втора победа и тоа над составот на РК Панчево со 51:46. Вечерва противникот беше далеку поквалитетен од оној од пред некој ден кога нашите ракометари и повеќе од убедливо против РК Нови Београд.
И вечерва се играше во три третини по 30 минути, што секако дека е напорно, но воедно и шанса да добијат сите ракометари адекватна минутажа и што ќе му помогне на Лазаров да ја види моменталната форма на сите свои избраници.