Напаѓачот на Јувентус, Маркус Рашфорд може да ја промени клупската средина оваа зима и од Англија да се пресели во Италија.
Според информација на доброупатени извори, услугите на англискиот играч му се понудени на Јувентус. „Бјанконерите“ се подготвени да го изнајмат Маркус доколку Манчестер Јунајтед плати дел од неговата плата.
Во исто време, тренерот на Јуве, Тиаго Мота, би сакал да потпише со уште еден играч на „црвените ѓаволи“, напаѓачот Џошуа Циркзе, со кого соработуваше во Болоња.
Во тековната сезона Маркус Рашфорд одигра 23 натпревари за Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања, на кои постигна 7 гола и даде 3 асистенции.