Амбарков ќе им суди на Јошко и Љафтов во 1/4-финалето на Челинџ Купот

104

Македонскиот интернационален одбојкарски судија, Орданче Амбарков, ќе биде втор судија на првиот меч од четврфиналето на Челинџ Купот на ЦЕВ во кој екипата на ПАОК, која е предводена од нашиот најтрофеен стратег Јошко Миленкоски, а во чии редови настапува и репрезентативецот Александар Љафтов, го пречекува турскиот гигант Анкара. Тоа ќе биде прв меч од двобојот во четврфиналето во ова европско натпреварување и е закажан на 16 јануариво Солун.

За едно со Амбарков, ЦЕВ како прв судија на мечот го делегираше Италијанецот Армандола.

Реванш средбата е закажана за 29 јануари во Турција. ПАОК ќе се обиде да направи сензација со елиминација на големиот фаворит и пласман во полуфиналето на ова европско клупско натпреварување.

ПретходноУнион Берлин му врачи отказ на тренерот Свенсон
СледноБожиќна трагедија во семејството на Ендрик: Зетот на напаѓачот убиен со осум истрели во глава