Вечерва се одиграа пет натпревари од 18.коло во Евролигата. Партизан по двата порази им се врати на победите. Четата на Жељко Обрадовиќ во преполната Арена во Белград го победи Фенербахче со 90:81. „Црно – белите“ имаа водство во текот на целиот натпревар, беа подобри и заслужено славеа.
Вашингтон со 27 поени беше најефикасниот на мечот.
Ти – Џеј Шортс и неговиот Париз беа поразени на гости кај Басконија со 94:81, а нашиот репрезентативец заврши со 14 поени. После втората четвртина се чинеше дека гостите ќе дојдат до нова победа, но во продолжение од средбата Басконија одигра екстра и заслужено победи и тоа убедливо.
Ц. Звезда успеа да дојде до голема победа над Барселона и тоа на гости и тоа во еден драматичен меч со 74:78. Српскиот шампион кога беше најпотребно беше на своето ниво и осво екстра значајни бодови.
На останатите два мече од вечерашната програма Панатинаикос како гостин беше подобар од Баерн со 69:80, а Виртус го победи Асвел со 83:69.