Она што „СпортСпорт“ пред неколку дена го најави, од денеска е и потврдено, се чека само на официјална промоција. Имено одличниот офанзивец Даниел Миловановиќ (26) и Тиквеш попладнево се договорија на едногодишна соработка.
Ова значи дека досегашниот член на Брера Струмица повторно се врати во својот роден град Кавадарци и повторно ќе го носи дресот на својот матичен клуб Тиквеш.
Се разбира дека Тиквеш со ова најново засилување и тоа како добива во квалитет, а самиот Миловановиќ по две години пауза одново ќе биде во нападот на кавадаречкиот прволигаш.