Реал Мадрид ќе го промени името на својот легендарен стадион Сантијаго Бернабеу. Од сега натаму, објектот ќе го носи името само „Бернабеу“, нормално, и натаму по легендарниот играч, а потоа и претседател на клубот.
Причините за промената се комерцијални и маркетиншки, прецизира шпанските медиуми, а процесот е веќе започнат. Интернет страницата на стадионот се вика „Бернабеу“, како и официјалниот профил на социјалните мрежи.
Обиколката на стадионот се вика „Тур Бернабеу“, па дури и подарокот што клубот го нуди на своите божиќни состаноци, макета на стадионот е без првото име на легендарниот поранешен претседател на Реал Мадрид.
Промената на името на стадионот бара и помодерен имиџ, а пократкото име би го олеснило и евентуалниот иден спонзорски договор. Така што не е исклучено по извесно време домот на Реал како и голем број арени на други европски гиганти, да го носи името на една од најголемите светски компании.
По реновирањето на стадионот, тој дава уште повеќе можности за разни настани, концерти, гала вечери, конференции и други, што му носи уште поголем приход на клубот.