Кога се има не е проблем да се подаруваат и така скапи подароци. Имено по повод празниците Кристијано Роналдо и подари чанта на својата поубава половина, Џорџина Родригез вредна дуеи 250.000 евра. Самата Џорџина се пофали со подарокот на социјалните мрежи и не криеше дека е воодушевена од гестот на својот сакан.
“Мојот подарок пристигна“ напиша таа на социјалните мрежи, се разбира постирајќи и фото од чантата која е со златни детали.
Ова е уште од многуте чанти кои во својата колекција ги има саканата на Кристијано. Како што пред извесно време пренесе „Ел Мундо“ таа од порано е сопственичка на една друга чанта, се вели дека е една од најскапите во светот, која вреди најмалку 450.000 евра.
Значи само две нејзини чанти вредат 700.000 евра.
А другите?!