Станиќ ќе биде селектор на У-21, Ставрев место Мечкаровски во Судиската комисија на ФФМ!

2509

Горан Станиќ се очекува да биде назначен за нов селектор на нашата млада репрезентација до 21 година. Актуелниот стратег на Работнички, со кој правеше резултатски чуда, кој во изминатиот период се покажа како екстра тренер ќе биде предводник на нашата У-21 репрезентација.

Сосема очекувано ако се знае дека под водство на Драган Канатларовски оваа селекција знаеше само за неуспеси.

Нема сомневање дека Станиќ е иделното решение на новото раководство на Фудбалската федерација на Македонија. Станува збор за студиозен, амбициозен, квалитетен стручњак кој и тоа како си ја знае својата работа.

Инаку дознаваме дека ќе има промени и во Судиската комисија на Фудбалската федерација на Македонија.

Имено на местото на Димитар Мечкаровски нов претседател на Судиската комсија ќе биде Александар Ставрев. Најдобриот судија во историјата на фудбалска Македонија во последните три децении од самостојноста, ќе ја добие оваа одговорна функција.

Познато е дека Ставрев пред неколку недели и официјално се прости од судиската кариера.

ПретходноРеал Мадрид го менува името на својот легендарен стадион
СледноАнтонио Силва пред трансфер во Јувентус