Објавени и комплетните промени на судиските и контролорските листи

1415

Фудбалската федерација на Македонија со соопштение ги потврди информациите на „СпортСпорт“ околу одлуките на Управниот одбор на денешната седница одржана под раководство на новиот претседател Масар Омерагиќ. Меѓу одлуките се наведени и промените на судиските и контролорските листи.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за дополнување на единствената листа на контролори за 2025 година. Контролорската листа се дополнува со Александар Ставрев, Дејан Јакимовски, Дејан Костадинов, Јосип Бартон и Билјана Миланова. Миланова е ФИФА судија и за прв пат во македонскиот фудбал жена е во структурите на судиската организација.

Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за нов судиски одбор составен од Александар Ставрев – претседател, Илир Сеља – заменик претседател, Димитар Мечкаровски – член, Дејан Јакимовски – член, Дејан Костадинов – член.

Назначени се нови стручни надворешни соработници во судискиот одбор: Јосип Бартон, Никола Караколев, Горан Спиркоски, Марјан Кировски, Благој Шуклев, Џенан Хајдари, Иса Емрули, Игор Ширилов, Зоранчо Темелков, Билјана Миланова, Зоранчо Илиевски и Бранко Манојлоски.

Формирана е Комисија за делегирање судии во состав: Јосип Бартон – претседател, Зоранчо Илиевски – член, Џенан Хајдари – член.

Формирана е Комисија за делегирање на контролори во состав: Никола Караколев – претседател, Бранко Манојлоски – член и Игор Ширилов – член.

Комисија за имплементација на ВАР систем: Дејан Јакимовски, Димитар Мечкаровски, Марјан Кировски, Горан Спиркоски, Јосип Бартон и Никола Караколев.

Комисија за делегирање на женски фудбал: Илир Сеља – делегирање на судии и Билјана Миланова – делегирање на контролори.

Исто така, Управниот одбор на ФФМ, единствено го продолжи договорот со селекторот на Македонија до 18 години, Ерхан Селими. Селими допрва го почнува мандатот на клупата на македонската селекција до 18 години. Досега нема собир со генерацијата  2007.  На 12. јануари 2024 година на предлог на Горан Пандев – директор на Национални репрезентации и Ѓорги Христов – технички директор ќе бидат доставени предлог имиња за нови селектори на младинските репрезентации.

Претходно200 дена до ЕМОФ Скопје 2025: Одбројувањето започнува со младинска дружба и специјална кореографија
СледноБарса ја губи битката: Останаа малку опции за регистрација на Олмо