Синоќа во НБА лигата се одиграа девет мечеви, од кои најјинтересен секако беше натпреварот во кој Детроит со поен повеќе славеше против Сакраменто 113:114 (37:34, 31:19, 23:24, 22:37).
Пистонски на овој дуел имаа одлична завршница односно надокнадија минус од 15 поени, кои го имаа на полувреме и 14 пред стартот на последната делница.
И тоа се благодарение на Џејдан Ајви. Кошаркарот на фантастичен начин донесе триумф со погодена тројка со звукот на сирената, а згора на тоа беше и фаулиран, па го погоди дополнителното слободно фрлање. Најјефикасен на овој меч беше Чед Канингем со 33 поени, додека пак Малик Бисли го следеше со 22 поени. Ајви пак застана на 19 коша.
JADEN IVEY 4-POINT PLAY FOR THE WIN ‼️
Pistons win 114-113 🚨 pic.twitter.com/9wuXDyj85V
— NBA (@NBA) December 27, 2024
Резултати:
Индијана – Оклахома 114:120
Орландо – Мајами 88:89
Вашингтон – Шарлот 113:110
Атланта – Чикаго 141:133
Мемфис – Торонто 155:126
Милвоки – Бруклин 105:111
Њу Орлеанс – Хјустон 111:128
Портланд – Јута 122:120
Сакраменто – Детроит 113:114