Силекс во Анталија ќе игра против Нефчи, Пантахор, Ружомберок….

262

Актуелниот есенски ПМФЛ шампион, тимот на Силекс предмалку го објави планот за подготовки оваа зима. Секако во моментов како и сите останати екипи Силекс е на заслужен одмор, а по новогодишните празници ќе се стартува со подготовки.

Почетната фаза како и секогаш е во домашни услови, а потоа од 22 јануари до 5 фебруари ќе се замине во Анталија.

За таму Кратовци закажаа неколку пријателски мечеви, од кои ќе стартуваат против Азербејџанскиот тим на Нефчи. Пантахор од Узбекистан е вториот ривал, па Ружомберок од Словачка, како и екипите на Воитсберг однодно Железничар од Босна.

ПретходноВитор Переира по триумфот над Јунајтед: Фантастично чувство
СледноМајами со официјално соопштение: Батлер нема да биде трејдуван