УО на ФФМ: Чистка на селекторите, Горан Станиќ ги доби “надежите”

4900

На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, досегашниот потпретседател Лазар Ракиџиев се повлече од УО на ФФМ.

Како што и беше најавено, сите селектори на нашите младински репрезентации беа разрешени, вклучувајќи го и Драги Канатларовски кој ја водеше младинската репрезентација до 21 година. На негово место е назначен актуелниот тренер на Работнички, Горан Станиќ.

Александар Ставрев кој годинава ја заврши својата судиска кариера е назначен за нов претседател на судиска комисија на местото од Димитар Мечкаровски. Јосип Бартон е претседател на комисија за делегирање во која се Џенан Хајдари и Злате Илиевски од Битола.

УО одлучи да ја тргне и суспензијата за ОФС Струмица. Како што најави новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ, продолжуваат промените и најавите за комплетна чистка во ФФМ.

ПретходноРајт: На Манчестер Сити веќе никој не му се плаши
СледноФФМ нема да го верификува најавеното Собрание на ОФС Охрид