Брињоне најбрза на велеслаломот во Семеринг

28

Италијанката Федерика Брињоне е победник на денешниот велеслалом во Ски центарот Семеринг. Таа по првата трка беше најдобро пласирана, а и по втората ја искористи предноста која ја имаше за да стигне до нов триумф во Светскиот куп.

Комплетното време со кое ја мина целта е 2:03:14, додека пак на втората позиција се пласираше Сара Хектор од Шведска со заостанување од 57. стотинки.

На третата позиција застана Алис Робертсон од Нов Зеланд со 90 стоти делови од секундата.

Во генералниот пласман води Раст Камиле од Швајцарија со 287 поени, додека на втората позиција е Корнелиа Кутер со 250.

 

ПретходноАлексис Моне славеше на спустот во Бормио
СледноЕмбид повторно е казнет, овој пат со 75 илјади долари