Букајо Сака е опериран и паузира два месеци

91

Менаџерот на Арсенал, Микаел Артета објави дека Букајо Сака ќе биде надвор од терените два месеци. Напаѓачот е опериран, ја санираше повредата на тетивата, а сега следува периодот на рехабилитација.

„Да, опериран е. Се помина добро, но за жал ќе биде надвор од терените многу, многу недели. Мислам дека ќе биде надвор од теренот повеќе од два месеци. Зависи од тоа како ткивото ќе почне да заздравува, зависи од првата недела од движењето. Да видиме, тешко е да се каже”, додаде Артета.

Сака сезонава стигна до пет гола и десет асистенции во Премиер лигата, со што е еден од најкреативните играчи на „Топџиите“.

ПретходноЕмбид повторно е казнет, овој пат со 75 илјади долари
СледноФатих Терим е нов тренер на Ал Шабаб