Бутел Скопје во продолжение на сезоната нема да смета на двајца ракометари. Од клубот на својата официјална „Фејсбук“ страница открија дека средниот бек Петар Цветковски и кружниот напаѓач Стефан Јовевски не се повеќе дел од тимот.
„Двајцата ракометари и нашиот клуб се разделија спогодбено. Им благодариме за придонесот во Бутел Скопје и им посакуваме многу среќа во понатамошната кариера“, велат од клубот.
Пред неколку дена еден од најдобрите стрелци во тимот на Бутел Скопје, Дамјан Субашевски ја продолжи соработката фо 2027 година.