Вучиќ: Ништо ново дека Ѓоковиќ и Обрадовиќ се против нас! Знам што мислат за мене

537

Во Србија и натаму со несмален интензитет продолжуваат протестите на студентите и средношколците против тамошната власт. Со оглед на тоа дека таму општеството е поделено на две спротиставени страни, за претседателот Александар Вучиќ и против него, и двете страни бројат кој се од познатите спортски фаци во таа земја им даде поддршка на студентите.

Засега тоа го направија Новак Ѓоковиќ, Жељко Обрадовиќ, Ивана Шпановиќ, Богдан Богдановиќ, Дејан Бодирога и уште многу други.

На ова самиот Вучиќ во вчерашното интервју на РТС си кажа:

Ги нема многу, а нема ни нови покрај Ѓоковиќ, Обрадовиќ, Шпановиќ. Дали го има Никола Јокиќ на пример? Знам за Обрадовиќ дека секогаш бил против нас и тоа не е тајна. Ова е демократија, тука нема ништо спорно и јас немам проблем со тоа. Јас знам што мислат сите тие за мене и знам што ми посакуваат“ рече покрај другото претседателот на Србија.

ПретходноХаос во НБА лигата: Нуркиќ удри шлаканица – па доби тежок нокаут (ВИДЕО)
СледноТрагедија: На 35 години почина боксерскиот шампион кој неодамна го собори рекордот на Тајсон