Разделбата на Јувентус со дефанзивецот Данило е прашање на денови. 33-годишниот Бразилец не спаѓа во плановите на Тиаго Мота и се става на трансфер листата.
Данило веќе е информиран дека може да бара нов клуб. Се очекува кариерата да ја продолжи во Наполи. Антонио Конте бара да ја засили одбраната на својот тим со искусниот јужноамериканец, кој позитивно одговори на понудата.
Данило запиша над 200 натпревари со тимот на Јуве. Дури и заслужи да ја носи капитенската лента на торинскиот гигант, чест што со децении ја имаа само Италијанците.
Во својата кариера дефанзивецот настапуваше и за Америка МГ, Сантос, Порто, Реал Мадрид и Манчестер Сити.