Се чини дека има крај на сагата за Дани Олмо и неговата регистрација за пролетниот дел како член на Барселона. Имено “Марка“ доцна попладнево пренесе дека Хоан Лапорта сепак успеал да се снајде, да ги најде тие најмалку 100 милиони евра и тоа со помош на пребогати Арапи. Наводно тој им го продалч ВИП ложите на новиот “Камп Ноу“ и тоа за наредните 20 години.
Сега се чека само исплата на парите како и трансферирање на документите во канцеларијата на Ла Лига. Ова се би требало да биде завршено во понеделник.
Со ова веројатно Барселона ќе го намали притисокот и кон клубот, но и кон самиот тим и играчите а пред се кон Дани Олмо. Инаку деновиве се шпекулираше дека ако Олмо не биде регистриран ќе се пресели во Премиер-лигата.