Легендата на Вардар става крај на блескавата кариера!

329

Тимур Дибиров по завршувањето на оваа сезона ќе стави крај на професионалната кариера. Причината за ова е неговото семејство со кого е разделен додека игра за ППД Загреб.

„Најтешкото за моето семејство во моментов е тоа што сме разделени. Јас сум со синот во Загреб, Ирина со ќерката се во Ростов. Затоа и ја донесов оваа одлука. Ќе ја доиграм сезоната, а потоа ставам крај на кариерата“, изјави Дибиров. 

Дибиров во својата богата кариера го носеше дресот на Вардар со кого двапати ја освои Лигата на шампиони, подигна бројни пехари во домашниот шампионат и во СЕХА-лига. Во Скопје дојде во 2013 година, а се раздели во 2022 година кога замин во Загреб.

ПретходноКапитенот на Јуве му кажа да на Наполи
СледноБутел Скопје се раздели со двајца ракометари