Рафаел Надал, легендата на тенисот и спортот воопшто, би можел наскоро да биде тренер. Она што некогашните тенисери, како Иванишевиќ, Бекер, Мареј…го прават, ништо чудно и Шпанецот да го прави. Инаку Рафа беше дел од таа „Голема тројка“ заедно со Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер.
Еве што вели Рафаел Надал за можноста и тој да биде тренер:
“Денеска е рано за таква приказна, јас во моментов се трудам да си го организирам својот живот кога веќе не сум професионален тенисер. Во моментов искрено не се гледам себеси во такви слични проекти, но не знам што ќе се случува во блиска иднина. Значи никогаш не вели никогаш“ посочи Надал.
Инаку тој е свесен за критиките по одлуката да биде амбасадор на тениската федерација на С. Арабија:
“Ги прифаќам критиките, посебно ги почитувам оние кои ги критикуваат другите додека истовремено ги почитуваат останатите. Кога не би ги почитувале тоа ќе биде друга приказна. Знаев дека ќе ме критикуваат, но целта е да се развие тенисот во таа земја“ рече покрај другото легендарниот Рафа.