По се она што се случи на мечот меѓу Феникс и Далас, по сиот оној хаос и класична тепачка меѓу Јусуф Нуркиќ (Феникс) и Наџи Маршал (Далас) а во кој се вмеша и Пи Џеј Вашингтон (Далас), НБА веднаш реагираше и ги објави казните за сите тројца.
Па така Нуркиќ е суспендиран на три меча и парична казна од 125.000 долари по меч или вкупно 375.000 долари.
Маршал е казнет со четири меча суспензија и со парична казна од 59.000 долари по натпревар или вкупно 236.000 долари.
Додека Вашингтон е санкциониран со еден меч неиграње и парична казна од 89.000 долари.
Ова значи дека сите тројца ќе мора да платат неверојатни 700.000 долари.