Хаос во Далас во САД. Во петокот навечер ограбен бил домот на Лука Дончиќ, мега-ѕвездата во НБА. Се пренесува дека во тој момент немало никој во домот на Словенецот, за среќа. Во спротивно којзнае што можело да се случи.
Инаку во НБА на ова тема во изминатиот период се водеа доста полемики. Имено во последно време зачестени се грабежите во домовите на славните и пребогати кошаркари. Ете, најново е ова што му се случи на Дончиќ.
“Во тие моменти немало никој во домот, за среќа Лука и неговото семејство се добро“ извести Лара Бет Сигер, која е портпаролка на Дончиќ.
По се ова Словенецот го пријавил грабежот во полиција и истрагата е во тек.