Иако има уште цела една полусезона во Серија А, сепак, по се изгледа дека тимот на Монца уште од сега ќе треба да размислува за заминувањето во ранг подолу.
Поледнопласираниот тим на табелата во Италија денеска загуби кај Парма со 2:1, и тоа во меч кој имаше доста возбудувања. Во третата минута Цуриа постигна гол кој беше поништен од ВАР.
На погодок регуларен се чекаше дури до 56. минута кога Хернани погоди од пенал, а претходно Мари доби исклучување па Монца доигра со десетмина.
Сепак, и во таква ситуација имаше можност за освојување на бод, затоа штоПереира во 85. минута израмни на 1:1.
Но, Парма дојде до трите бода и победата, во осмата минута од продолжението преку Валенти кој ги постигна конечните 2:1.
Во вториот дуел од почетната денешна програма во Серија А, Џенова преку головите на Милан Бадељ, односно Екубан дојде до 1:2, победа кај Емполи. За томаќините погоди Еспосито во 74. минута, а можеби се ќе беше поинаку ако тој при 0:1, резултат не го промашеше ударот од белата точка.