Федерико Киеза, еден од најдобрите италијански фудбалери и репрезентативец на својата земја по само четири месеци минати во Ливерпул сака да се врати во Серија А и тоа во Наполи.
Италијанецот не е задоволен од статусот кој го има кај Арне Слот, а ако се знае како игра Ливерпул под водство на холандскиот стратег и какви резултати има, тогаш јасно е дека Киеза има само една опција. А таа е заминување.
Негова желба е да се врати во Италија, но во клуб кој се бори за титулата во Серија А. А еден од тие е токму составот на Антонио Конте кој не крие дека и тоа како му е неопходен таков профил на играч каков што е Федерико Киеза кој реално и не се наигра во црвениот дрес на Ливерпул.
Забележа само четири настапи од кои два во Карабо Купот.