Екипата на Милан утре го игра дерби мечот против Рома, но за жал, тоа ќе мора да го направи без еден од своите најдобри играчи, Кристијан Пулишиќ.
Американецот повторно е во „аут“ поради повреда, овојпат здобиена на последниот дуел против Аталанта.
Се работи за повреда на подколеницата, и иако се сметаше дека тој ќе биде подготвен дури и за настап, сепак, нема да биде ниту во составот на Милан.
Милан во моментов е на осмата позиција, ќе бара рехабилитација од поразот токму од Аталанта, додека Рома е во уште полоша состојба и е десетта на табелата.