На големо изненадување на светската кошаркарска јавност, тимот на Сакраменто Кингс го отпушти досегашниот тренер Мајк Браун. Иако тој е еден од најтрофејните и најуспешни тренери во изминатиот период на овој клуб, сепак, менаџментот се одлучи на ваков потег и тоа во доста специфичен момент.
Сакраменто во моментов се наоѓа во Лос Анџелес каде што Браун веќе одработи тренинг и комуницираше со новинарите, но сепак, нема да го води тимот. Наместо него, на чело на тимот ќе застане помошникот Даг Кристи.
Браун како тренер на Сакраменто беше прогласен и за тренер на годината, а си заминува од тимот со скор од 104-82.