Емир Јазичи (22) од вечерва и официјално е новото име во Шкупи. Чаирчани го промовираа турскиот дефанзивец кој доаѓа од тимот на Кушадасиспор кој се натпреварува во 4.лига во таа земја.
Инаку Јазичи е дете на Трабзонспор, таму ја минал младинската школа во клубот од својот роден град.
Кога сме кај засилувањата на Шкупи, ова е прво ново име во таборот на Алпарслан Ердем во овој зимски преоден рок. Покрај Јазичи Шкупи очекува уште неколку нови имиња во пресрет на пролетната полусезона.
Договорот на Јазичи и Шкупи е на 2,5 години.