Јуве со четири играчи „плус“ за утрешниот дуел со Фиорентина

174
MONZA, ITALY - DECEMBER 22: Weston McKennie of Juventus celebrates 0-1 goal during the Serie A match between Monza and Juventus at U-Power Stadium on December 22, 2024 in Monza, Italy. (Photo by Daniele Badolato - Juventus FC/Juventus FC via Getty Images)

Екипата на Јувентус пробува да фати позитивен ритам сезонава, како на играчки така и на резултатски план. Тренерот Тиаго Мота за утрешниот дуел против Фиорентина ќе има дури четири играчи на располагање кои досега беа повредени, факт што кажува дека фавористаката улога на „Старата дама“ е уште поизразена.

„Го вративме Даглас Луиз, Нико Гонзалес ќе биде на располагање, а Данило и Теу Копмајнерс исто така се подготвени да играат“ – изјави Мота.

Тој на прашањето пак какви се размислувањата за актуелниот преоден рок, тој изјави дека тоа воопшто не го интересира туку дека е фокусиран единствено на утрешниот дуел и евентуалните три бода од него.

 

ПретходноФатих Терим е нов тренер на Ал Шабаб
СледноГвардиола: Нема да се откажам, порано или подоцна ќе се вратиме