По новиот пораз Јокиќ повторно брутално искрен

635

Кливленд ја искористи секоја мана во одбраната на Денвер и забележа една од најубедливите победи во сезоната. На крајот резултатот гласеше 135:149, а очигледен беше очајот на лицето на Јокиќ.

Иако српскиот кошаркар беше на највисоко ниво, сепак неговиот тим не победи.  По натпреварот на прес-конференцијата, Никола без двоумење реши да ги коментира проблемите на неговиот тим

„Ништо не беше добро, па двата тима постигнаа речиси по 150 поени. Тие шутираа 56% од поле и 23 тројки со 47% шут. Тоа е број еден напад во лигата. Значи, едноставно не можам да издвојам само една работа што беше клучна, ништо не тргна како што треба“, изјави лидерот на Нагетс.

Поразот од Кливленд уште еднаш докажа дека Денвер има сериозни проблеми особено во одбраната, но и со формата на поединци.

„Мислам дека не сме ни блиску до местото каде што треба да бидеме. Секогаш се чини дека добро започнуваме, а потоа правиме неколку чекори назад. Немаме континуитет, нашата игра се менува од ден на ден“, изјави Јокиќ.

Момчето од Сомбор како предводник на тимот упорно се обидува да го издигне Денвер на повисоко ниво, но јасно е дека во моментов не се во шампионска форма.

„Поединците треба да се запрашаат што можат да направат за тимот, а не што може тимот да направи за нив. Прстот треба да го вперат кон себе, а не кон мене“, заклучи Јокиќ.

По вториот пораз во низа, следните натпревари би можеле да бидат клучни за Денвер и дали остатокот од тимот ќе се разбуди и ќе покаже карактер.

Во отсуство на опции, се зборува и за Џими Батлер, но како што сега стојат работите, играчот на Мајами не е заинтересиран.

ПретходноАрнолд ги известил во Ливерпул чиј дрес сака да го облече?
СледноБалотели после два месеци ќе го раскине договорот со Џенова и ќе ја напушти Европа