Трагедија: На 35 години почина боксерскиот шампион кој неодамна го собори рекордот на Тајсон

424
Фото: Screenshot: X

Тажната вест го погоди светот на боксот, Пол Бамба, боксерскиот шампион, ненадејно починал на 35-годишна возраст. Причината за смртта се уште не е позната, но потврдено е дека тој починал во петокот попладне.

Веста е објавена на Инстаграм со порака: „Со големо жалење ја објавуваме смртта на саканиот син, брат, пријател и боксерски шампион Пол Бамба, чија љубов и светлина допреа многу животи“.

Бамба минатиот викенд ја освои златната титула на ВБА во крузер категорија и постигна рекорд од 19 победи и три порази во текот на кариерата. Тој имаше одлична година во 2024 година каде забележа 14 победи, од кои сите беа нокаути, соборувајќи го рекордот на Мајк Тајсон од 13 нокаути за 12 месеци. По неговата последна победа, Бамба го предизвика Џејк Пол на борба.

„Џејк, можеш да дојдеш за ова, можеш да се бориш за тоа или можеш да продолжиш да лажираш борби. На крајот на денот, јас си ја завршив работата. Можеш да кажеш дека боксот го сфаќаш сериозно и направивте многу пари, но не сте заработиле почит во боксот“, изјави Бамба пред неколку дена.

ПретходноВучиќ: Ништо ново дека Ѓоковиќ и Обрадовиќ се против нас! Знам што мислат за мене
СледноМендеш смета дека ни Вини ни Родри не биле најдобри во 2024! Тој си има свој фаворит!