Австриска доминација на првата скокалница од „Новогодишната турнеја“

107

Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ започна денеска во Оберстдорф со величествена победа на Австријците кои ги освоија сите три места на подиумот.

Во првата од четирите скокалници на новогодишната турнеја победи херојот на австриската публика, Штефан Крафт, а по него на подиумот се најдоа и Јан Хорл и Даниел Цофениг.

Крафт до првата победа сезонава стигна со скокови од 138 и 133,5 метри, а ова му беше 44-та победа во кариерата.

Единствени кои вечерва можеа да ги одмерат силите со него беа неговите сонародници Јан Хорл, кој заврши на второто место со 3,5 поени заостанување, додека на третото место беше Даниел Цофениг со повеќе од 10 поени.

Првиот фаворит, Германецот Пашке, го освои четвртото место, а ТОП 5 го заокружи Норвежанецот Јохан Форфанг. Следното натпреварување на Новогодишната турнеја е закажано за Гармиш на 1 јануари во 14 часот.

ПретходноКузманоски: Бутел верува во тоа што го работи
СледноФИФА брутално удри по Шкупи, забрана за трансфери во три периода!