Легендарниот Ариго Саки, поранешен селектор на Италија, тренерот на Гранде Милан, екс – стратег на Реал Мадрид, има своја колумна во “Газета дело Спорт“ и во неа по вчерашниот победа над Каљари, се осврна на Интер и неговите можности за оваа тековна 2024/25 сезона.
Секако дека е интересно што мисли Саки:
“Според мене Интер има квалитет да ја освои Лигата на Шампионите. Овој Интер што сега го гледаме е тим кој научил како да доминира и не само во Серија А туку и во ЛШ. Интер има свои вештини, посебно на домашна сцена, кои знае да ги употреби посебно кога против себе има послаб противник. Мене ми се допаѓа тоа што и покрај водство од 2:0 или 3:0, тимот на Симоне Инзаги не престанва да напаѓа, да дава голови, сака со што поголема разлика. Тоа го прават само големи екипи“ рече покрај другото Ариго Саки.