А вака да биде во Македонија: На швајцарски клуб одземени му се бодови зошто не ги плаќал придонесите на вработените!

501

Затоа Швајцарија е средена земја според сите параметри, а оние земји на Балканот, па и Македонија, не се.

Имено на Белинцона, клуб од Втората лига во Швајцарија, одземени му се три бода.

А знаете ли зошто?

Имено овој клуб не ги плаќал навреме придонесите на своите вработени, ги пробил сите можни рокови и сега е санкциониран од страна на ФС на Швајцарија.

Јасно е дека Белинцона ќе се жали на оваа одлука, битката за опстанок е жестока во Втората лига во таа земја, тие три бода и тоа како многу значат, но тешко дека ќе и бидат вратени.

Закон си е закон во Швајцарија и тој мора да се почитува.

ПретходноБеше најголем возач во Формула 1, неговата состојба и после 11 години остана мистерија
СледноКанаваро најсериозен кандидат за тренер на Ристовски и Адеми?