Македонската ракометна репрезентација веќе седум дена во Стара Пазова се подготвува за настап на Светското првенство 2025 година каде силите ќе ги одмери против Унгарија, Холандија и Гвинеја.
Кирил Лазаров и неговите избраниците утре вечер ќе се вратат во Скопје, а оваа фаза од подготовките ќе ја затворат со контролен натпревар против Србија.
Нашите ракометари секоја година се на големите натпреварувања, и затоа се најдобриот наш национален тим. Секоја поддршка пред стартот на Мундијалот е важна, а се чини тоа добро го знаат и најмладите.
Младите ракометари на РК Младост Ресен на пат кон дома одлучија да ги посетат своите идоли и да им дадат поддршка пред јануарскиот поход. А РФМ на својата официјалните социјални мрежи во името на сите им се зблагодари за убавиот гест.