Како вчера да беше. Вест која на денешен ден пред единаесет години со неверица ја слушнавме. А таа гласеше дека Михаел Шумахер, легендарниот возач на Формула 1, седумкратен светски првак, тогаш пензионер, тешко се повредил на скијање во Мерибел.
Сите знаеме што значат тие тешки повреди кога ќе се удриш со главата во карпа, но никој не веруваше дека тој ден тотално ќе се промени животот на Германецот, па дури и оние кои не го “мирисаа“, оние фанови на Аиртон Сена.
Сепак денеска се навршуваат единаесет години и никој во светот на спортот, освен се разбира неговото семејство, не знае што навистина се слулчува со Михаел.
Се надеваме дека, очекуваме, големиот борец, големиот Шумахер еден ден ќе биде виден од сите негови фанови.
Шуми ти си на потег!