Вејн Руни важи за еден од најдобрите напаѓачи во историјата на Англија, еден од најдобрите во свое време и во Европа. Славниот Руни стана легенда на Манчестер Јунајтед, а покрај тоа што бил голем фудбалер, бил е и голем човек. Секогаш подготвен да им помогне на луѓето, посебно на своите клупски колеги. Сите негови некогашни соиграчи од Јунајтед велат дека тој бил најзаслужниот за тимскиот дух во Манчестер Јунајтед.
Посебно е воодушевен Карлос Тевез, кој секогаш говори во суперлативи за својот некогашен партнер од нападот.
И се присети на една анегдота од тоа време:
“Тогаш во Јунајтед и најлошите фудбалери доаѓаа со Ферари на тренинг. Јас дојдов со Ауди и верувајте дека сите ми се смееја. Тоа го виде Руни, ме тргна на страна и ми ги даде клучевите од неговото Ламборџини и ми рече. Тоа Ауди нема да го возиш, еве ти го моето Ламборџини. Потоа отидов да му го вратам а тој ми рече да го возам десетина дена додека не се снајдам и тогаш да му го вратам. Ете тоа е Вејн Руни“ се потсети Аргнентинецот на една од многуте случки во Манчестер Јунајтед.