Канаваро најсериозен кандидат за тренер на Ристовски и Адеми?

197

Познатиот италијански фудбалер, а сега тренер, Фабио Канаваро е првиот кандидат за преземање на клупата на Динамо Загреб за кого настапуваат Стефан Ристовски и Аријан Адеми.

Клупата на Ненад Бјелица сериозно се „тресе“ и тоа е случај веќе извесно време со оглед на нивни стандарди катастрофалните резултати во домашното првенство.

Динамо по 18 одиграни натпревари има негатива од седум бода во однос на Хајдук и Ријека, па не е изненадување доколку загрепчани вториот дел од сезоната го дочекаат со нов тренер на клупата.

И, тоа би можело да биде светски познато име. Станува збор за Фабио Канаваро, познат Италијанец кој имаше далеку полоша тренерска кариера отколку кога ги носеше дресовите на Јувентус, Реал Мадрид, италијанската репрезентација… Во Загреб го гледаат како идеален кандидат во случај Ненад Бјелица да замине.

Канаваро не стана особено познат во својата тренерска кариера, освен периодот во Гуангжу, со кој ја освои втората лига, стана шампион на Кина и го прегрна Суперкупот на таа земја.

Последната работа му беше во Удинезе, кој го напушти по само шест натпревари. На крајот од претходната сезона избегна испаѓање со „зебретите“, оствари три нерешени и две победи, со што го спаси клубот, кој подоцна го извести дека соработката со него нема да биде продолжена.

ПретходноА вака да биде во Македонија: На швајцарски клуб одземени му се бодови зошто не ги плаќал придонесите на вработените!
СледноГоран Станиќ: Верувам во себе и верувам во потенцијалот кој го има У-21 селекцијата на Македонија!