Ако ФК Партизан веќе подолго време е во агонија, тогаш тоа не може да се каже за кошаркарскиот клуб на Партизан. Познато е дека кога игра четата на Жељко Обрадовиќ дома, во Арената во Белград тоа е спектакл, тоа е празник за очи и душа и цел Балкан и цела Европа говори за таа атмофера која ја прават фановите на “црно – белите“.
А еве уште едно признание за КК Партизан. Имено овој тим е четврти најгледан тим во светот или прв надвор од НБА.
На оваа листа најгледан е Далас Маверикс со 20.100 гледачи во просек на секој меч. На второто место е тимот на Филаделфија со 19.842 гледачи, па Њујорк Никс со 19.811 и Партизан со 19.782 гледачи во просек.
Значи на секој меч на Партизан како домаќин доаѓаат по 19.782 гледачи во просек.
Фасцинантно.
Нема што, браво за Партизан.