Мина оваа 2024 година а Зинедин Зидан не прифати ниту една понуда, ништо не се оствари од најавите. А во текот на целата година се шпекулираше со тоа дека ќе седне по третпат на клупата на Реал Мадрид, потоа дека се договорил со ПСЖ, секако дека опција демек била и Марсеј а во неколку наврати неговото име се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, а се споменуваше и Баерн Минхен.
Сепак ништо од тоа, а Кристоф Дугари, негов голем пријател и соиграч од СП 1998 кога Франција стана светски првак ги открива намерите и желбите на славниот Зидан:
“Зизу не крие, јасна е неговата желба да стане селектор на Франција. Тој со многу страст говори за репрезентацијата“ посочи Дугари.
Ако е така тогаш Зизу ќе почека малку ако се знае дека Дидие Дешамп има договор со ФС на Франција до 2026 година.