Бутел Скопје е на добар пат да обезбеди место во плеј-офот од Супер лигата како и минатите сезони, а на крајот на годината тренерот Горан Кузманоски денеска своја оценка на сезоната.
„Задоволен сум од моменталната позиција која што се наоѓа Бутел Скопје. Тоа е резултат на добрите подготовки што ги имавме на почетокот на припремниот дел, пријателските натпревари и турнирот во Хрватска. Тогаш видов дека ако се вклопиме добро во одбраната ќе имаме добар старт. Оваа сезона системот во Супер лига беше поразличен од предходните, игравме секој со секого и со тоа што имавме потежок распоред на почетокот сепак успеавме, да го задржиме континуитет на добри резултати. Но морам да потенцирам дека во конкуренција за плеј-оф се Бутел, Тиквеш, Пролет и Прилеп, тоа значи дека треба да бидеме претпазливи и фокусирани до крајот на првиот дел. Тешко може да се каже дали натреварите кој што ни биле зацртани ќе ни донесат место во плеј-оф. Ќе зависи и од други фактори. Сигурно е дека после победата над Тиквеш во гости екипата се подигна на психолошки план и почнавме да веруваме во тоа што го работиме“, вели Кузманоски.
Во ростерот на Бутел Скопје оваа сезона шанса добиваат многу млади ракометари и клубот ја продолжува тенденцијата да промовира македонски имиња.
„Клубот заедно со мене одлучивме оваа сезона да ја промениме екипата. Разговаравме и решивме да донесеме млади играчи кои што предходната сезона имаа помала минутажа. Прашањето беше дали со доведување на странски играчи би направиле место погоре според буџетот што го има клубот или со млади играчи македонски играчи со добар тренажен процес би го направиле истиот успех? Еден пример: Тодор Узунчев, некако во сенка и заборавен, играч кој што има голем потенцијал да прерасне во добар играч, на неколку натпревари посебно со фаворитите покажа дека може да биде светла иднина на македонскиот ракомет. Морам да напоменам дека имаме и еден интернационалец – Драган Шољиќ, кој што пред се карактерно и играчки покажа дека од голема помош, посебно во одбраната. Со него Тодески доби сигурност во одбраната. Клубот одлучи исто така да вложи и со тоа да потпише со дел играчите кој што настапуваат во младинските категории (2006-07). Дел од нив тренираат до прва екипа, добиваат шанса да бидат во состав со првата екипа и во одредени натпревари и минутажа. Со тоа би добиле поттик плус во тоа што го тренираат, но мора да се биде трпелив во резултатите. Стефан Стојановски кој што е мој помошник и тренер на младинците одлично се вклопи и мислам дека ќе биде и многу подобро во преостанатиот дел од сезоната“, продолжи Кузманоски.
Тренерот е задоволен од сработеното досега, но потенцира дека мора да се биде трпелив во поглед на пласманот во разигрувањето за титулата.
„Задоволен сум од досегашниот настап, но мора да бидеме претпазливи и приземни затоа што ништо не е завршено. Најголема добивка и помош младите играчи ја имаат од поискусните што се повеќе години во клубот и без нив секако не би било вака. Клубот има амбиции да продолжи со вложување во оваа екипа и мислам ако бидеме трпеливи и долгорочни со оваа генерација можеме да направиме поголем успех. Успех за Бутел би било да добиеме некој играч, да се подигне нивото кај младите и секако место во плеј-оф“, заврши Кузманоски.
Бутел Скопје ќе ги стартува подготовките за пролетниот дел од сезоната на 8 јануари, планот е да се учествува на турнир во Сараево од 17 до 19 јануари, а пред официјалните натпревари, би требало да биде одигран уште еден пријателски натпревар