Фудбалерите на Милан и Рома одиграа нерешено 1:1 во дербито од 18. коло од Серија А што се одигра на стадионот „Сан Сиро“.
Милан поведе во 16. минута со голот на Тијани Рејндерс, кој одлично реагираше на асистенцијата на Фофана и ја затресе мрежата на немоќниот Милет Свирел.
Радоста на домашните не траеше предолго, бидејќи во 23. минута Пауло Дибала го постигна само вториот гол во кариерата на „Сан Сиро“, прв од периодот кога пред една деценија го носеше дресот на Палермо. Аргентинецот одлично се снајде, реагирајќи од прва на асистенција на Артем Довбик.
Во продолжението од натпреварот видовме цврст дуел, но до крајот немаше промени.
Standings provided by Sofascore