Наполи – Венеција 1:0 е епилогот од попладневниот меч во Серија А во рамките на 18.коло. Фаворитот славеше против тоталниот аутдајдер, освои три бода во битката за титулата, ама едвај.
Победничкиот гол беше дело на Распадори во 79.минута. Претходно наполитанците имаа многу шанси, голманот на гостите Филип Станковиќ, инаку син на Дејан Станковиќ, правеше чуда на својот гол. Одбрани неколку зицери на составот на Антонио Конте, му одбрани и пенал на Ромелу Лукаку во 37.минута но сепак беше немоќен по ударот на Распадори, тоа не се бранеше.
Сега Наполи има 41 бодови, исто колку и лидерот Аталанта, трет е Интер со 40 бодови, но и меч помалку од двете водечки екипи.