Нов тест пред СП 2025: Ракометарите на мегдан со Србија!

199

Македонската машка ракометна репрезентација денеска ќе го одигра третиот контролен натпревар во рамките на подготовките за Светското првенство 2025 година. Селекторот Кирил Лазаров и неговите избраници ќе имаат посериозен тест, за противник ја имаат репрезентацијата на Србија, дуелот се игра во 18 часот.

Нашиот северен сосед не успеа да избори место на Мундијалот, но во овој период одлучи да се собере и да одигра неколку контролни натпревари, покрај Македонија, ќе игра и против Унгарија, првиот противник на „црвено-жолтите“ во Вараждин.

Кирил Лазаров и неговите избраници со овој меч го затвараат првиот дел од подготовките и веќе утре се враќаат во Македонија. По краток одмор повторно ќе продолжат со тренинзи, а веќе на осми јануари ќе ги одмерат и силите против Хрватска, еден од домаќините на СП.

Македонската репрезентација претходно одигра два тест-меча со РК Нови Београд и со РК Динамо Панчево.

ПретходноГоран Станиќ: Верувам во себе и верувам во потенцијалот кој го има У-21 селекцијата на Македонија!
СледноШто се случува во Воска? Охридскиот прволигаш се раздели со девет играчи!